Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре, а набргу ќе има и јавна расправа за законот за угостителска дејност

Денеска, најдоцна утре, ќе се распише тендерот за набавка на лекот „фактор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, најдоцна утре, ќе се распише тендерот за набавка на лекот „фактор 8“ за пациентите што имаат дијагностицирана хемофилија, најави денеска од Собранието, Јовица Андовски, заменик-министер за здравство, кој одговараше на пратеничко прашање поставено од пратеничка Јована Мојсоска. Таа посочи дека пациентите во изминатите 10 месеци се соочуваат со сериозни здравствени проблеми поради недостигот на овој лек, кој им е потребен за да имаат нормален живот.

Немаме информација до каде е случајот „Онкологија“, но буџетот на Клиниката е зголемен за 50 отсто и лекови ќе има за сите болни. Направена е и стратегија за децентрализација на услугите, па

– Сакам да ве уверам дека нема никакви, како што таа ги нарече, тендер-шеми, туку работата е многу проста. Станува збор за доставувач што си ја добил набавката и се обврзал да достави одредена количина. Количината во рокот на траење на договорот не успеал да ја достави и затоа договорот е раскинат. Прво, во меѓувреме стручните служби и стручњаците – професорите утврдија дека постои заменски лек и ние го набавивме и им се нуди на пациентите. Второ, во меѓувреме договорена е донација за истиот лек, таа треба да стаса до крајот на неделава и, трето, колку да сте информирани, денеска, најдоцна утре, ќе биде распишана нова набавка на истиот лек од страна на Трансфузиологија – рече Андовски. 

Пратеничката Мојсоска го праша и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши кога ќе се донесат законските измени за угостителските објекти бидејќи, по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, на површина излегоа големи пропусти, како што е добивање лиценца за дискотека само врз основа на изјава дадена на сопственикот на објектот. Министерот Дурмиши во својот одговор посочи дека новиот закон е комплетиран и е доставен до сите релевантни институции за изјаснување и дополнување по што за овој закон ќе бара и јавна расправа, која, како што рече, ќе се одржи набргу.

Реклама
Прес-конференција на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. 

– Законот бара јавна расправа, нема да се донесе само со една изјава, како што кажавте вие, бидејќи не може да се изготви закон само за една недела. Меѓутоа, откога ќе се достави и се земат мислењата од надлежните институции, ние бараме да се одржи јавна расправа, каде што ќе бидат опфатени сите што ја вршат ова дејност – посочи Дурмиши. 

Тој истакна дека инспекциските служби во угостителските објекти, дискотеките и каберата во земјата имале рекорден број контроли во текот на 2025 година, односно на терен направиле над 20.000 контроли. Посочи дека за издавањето лиценци како Министерство бараат согласности од МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, сите надлежни инспектори и од општината на чија територија е објектот.