Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Технички министри од опозицијата би биле едниствената одбрана од можни изборни фалсификати

Куп афери, скадали, сомнителни тендери, договори во четри очи, мафијашки престрелки, нерасчистени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куп афери, скадали, сомнителни тендери, договори во четри очи, мафијашки престрелки, нерасчистени убиства – власта е аздисана и постои сериозна опасност да се осмелат да направат изборен фалсификат, велат дел од експерите.

Единствен начин според познавачите, да се спречи вакво нешто или барем да се намали, е опозицијата да влезе во тех. влада во која нивните луѓе барем навреме ќе можат да предупредат и реагираат за евенуалениот поткуп и изборните маниупулации.

Понрашениот пратеник, Илија Димовски, за Алфа вели дека работа на министерот за внатрешни работи предложен од страна на опозицијата, ќе биде заедно со граѓаните, да се обидат ги спречат изборните малверазции.

Реклама

Ние ја имаме најкорумпираната власт во последните 30 години, тоа не став само на Илија Димовски, туку е став на најзначајните амбасади во Р.Македонија. Моите очекувања се дека енормни суми на пари ќе бидат пуштени на див начин , на незаконски начин , покрај ова што ќе оди преку владини институции, за да се влијае, да се пткупуваат гласачи. Министерот за внатрешни кои што би бил предложен од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има таа улога тоа да го спречи, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.

Покрај улогата на министрот за внатрешни, кој треба да брка корупцијата и останатите министри и заменици ќе треба внатре во инистуциите да ги следат пари, за да не може власта да корити државни пари за поткуп. Димовски вели ВМРО-ДПМНЕ мора да учествува во техничката влада, ем зошто законот тоа го предвидува, но и заради тоа што не треба да им се остават 100 дена плус да ја пустошат Македонија.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не влезе во техничка влада, власта ќе има уште 100 дена плус целосни можности, со изборен поткуп, со манипулации,со незаконски вработувања во администрацијата да влијае на изборниот процес. Ако крајната цел ни е промена на оваа власт и ако влегувањето во техничката влада е алатка за да го забрзаме и засилиме тој процес, да бидеме сигурни дека ќе се случи тој процес,тогаш ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во тех.влада, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.

Димовски посочува дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во тех.влада не значи никаква политичка легитимизација на никого, затоа што партијата во минатите години имаше изграден и јасен став по однос на многу прашања. Учеството на министрите на ВМРО-ДПМНЕ во таа влада би било исклучиво да се оневозможи злоупотреба на системот.