Најталентираните ученици од Македонија имаат можност да учествуваат на меѓународните натпревари повторно со поддршка на државата. Прв пат по 11 години, Владата им ги покри трошоците на талентираните млади хемичари кои се вратија со пет медали од Дубаи и Бразил. Тие се најдобрите амбасадори, децидна е министерката Весна Јаневска.
„МОН ги поддржува талентираните луѓе и оваа година ги покри сите трошоци за учество на една олимпијада, а, пак, учениците ќе имат можност да аплициаат за да си остварат дополнителни права за талентирани ученици. Министетството и во иднина ќе продолжи да ги спонзорира и мотивира најумните деца од Македонија. И не само нив, и сите останати со сите можности што ги има на располагање“, изјави Весна Јаневска министерката за образование.
Професорите задоволни од поддршката што ја добиваат нивните ученици . Велат ослободени се од финасиски товар и тоа е големо олеснување.

„Огромно олеснување за организацијата и за Сојузот на хемичарите кој претходно, секоја година, мака мачеше со обезбедување финансиски средства. Се надеваме дека ова е веќе надминато и дека во иднина нема да имаме проблеми од овој тип и ќе се фокусираме на подготовките и постигнувањата на уште подобри резултати од овие што ги остваривме“, изјави, професор доктор, Муха Буклески од Институтот за хемија.
„Овојпат, Министетството смогна сили и овој повеќегодишен проблем е веќе надминат и нашите олимпијци можат понатаму, наредните години, да бидат сигурни дека ќе бидат финансирани од Министерството“, изјави Даворин Трпески – Декан на Природно математичкиот факултет.
За Марио Ванчевски, кој од Дубаи годинава се врати со два освоени медали, Македонија има добри услови за образование тука. Тој веќе од утре ќе ги почне студиите на Институтот по хемија.
„Сметам дека и тука, во Македонија, има многу добри услови за студентите и дека ќе имам добро образование и овде, во Скопје“, изјави Марио Ванчевски.
Министертсвото работи и на нова концепција за спозорирање на најталентираните млади кои во иднина ќе ја претставуваат државата.
