Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Судскиот совет се „врза во чвор“: Каубојското однесување и кавгите го достигнаа врвот по одлуката за Дамева

Одлуката на Управниот суд е логична кога караницата за нарушените меѓучовечки односи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на Управниот суд е логична кога караницата за нарушените меѓучовечки односи во Судскиот Совет ескалираше во каубојското разрешување на Весна Дамева. Адвокатот Сашко Дуковски, вели дека во една демократска држава највисокото судско тело не треба да се доведе во ситуација да за меѓучовечките односи помеѓу членовите одлучува друг суд.

  • „За забележување е тоа разрешување беше каубојско. Господинот Селим Адеми седна, чукна на маса, и под наводници ја разреши старата односно сега истата претседателка и постапувањето на Управниот суд е логично. Но дали тоа треба да се случува во една демократска држава е друго прашање. Ако вие вклучувате суд да решева за вашите интерни, внарешни прашања што останува тогаш за вашето постапување? Вашето постапување и вашата вредност е еднаква на нула“ вели Сашко Дукоски, адвокат.

Одлуките кои што ги носеше Советот во периодот од 26-ти април кога Дамева беше симната од претседателската функција до одлуката на Управен, остануваат во важност односно нелигитимно е само разрешувањето. Но, апсурдот е веќе голем, вели адвокатот,  бидејќи Дамева никогаш не била истакнат правник за да биде дел од Судски.

  • „Како тоа Весна Дамева, а и пратходната претседателка, е истакнат правник, кога се стручни соработници односно советници. По кој критериум они се релевантни правници јас се прашувам, гласно и го кажувам тоа сто пати. И вие се доведувате во ситуација која не е забележана во било која земја во судските системи, да некој кој што не е судија, а сегашната и претходната не се судии туку се стручни соработници, да одлучуваат за разрешување на некој судија, како што вчера го видовте случајот со разрешувањето на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Стручен соработник кој не напишал пресуда во животот, на кого единствена задача му била да носи пресуда од една во друга судница и да закажува судски рочишта и да праќа покани, вие имате ситуациии кога такво лице одлучува за разрешување на некој судија“, коментира адвокатот. 

Кога претседателот Пендаровски ја назначи Дамева за член на Судски, јавноста виде фотографии од нејзе како дел од правната комисија на СДСМ, со екс претседател на партијата, Заев.

Реклама
  • „Тоа е циркус кој може да постои само во Македонија. Веќе спомнавте за партиската припадност. Реално во Македонија 90% именувањето и членувањето во различни форми доаѓа поради близина одредена партиска структура. Тоа може и некако да се проголта во другите сфери но во судството е недозволиво. Не може некој што врска нема со право да одлучува за таквите битни работи како што одлучува Судскиот Совет“ вели Дукоски, адвокат.  

Судскиот Совет додека не ја добие пресудата од Управниот суд останува воздржан, а потоа ќе ја разгледува на седница и ќе постапува во законскиот рок, велат од таму.