Реклама
Македонија

Сулејмани од Алијанса за Албанците се повлече од пратеничкото место, Вреди добива нов пратеник

Арбен Таравари го изгуби првиот пратеник. Салим Сулејмани поднесе оставка од сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари го изгуби првиот пратеник. Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции и го враќа пратеничкиот мандат во законодавниот дом.

Сулејмани, во оставката, која ја објави на социјалните мрежи, вели дека неговиот политички ангажман, произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција. Нагласува, дека, учеството, во Коалицијата Вреди, било мотивирано, од потребата за соочување со, како што наведува, неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта..

  • Коалицијата Вреди не беше случаен политички сојуз. Се роди како неопходен и одложен резултат на длабокото разочарување што Албанците го доживуваа со години од ДУИ, партија која повеќе од две децении е дел од владата и се претставува како легитимен претставник на Албанците, но реалноста покажа спротивното, таа се трансформираше во изолирана структура, тесно поврзана со лични и клански интереси, злоупотребувајќи ја моќта за богатење на неколку поединци и игнорирајќи ги проблемите на обичните граѓани“ пишува Сулејмани во оставката која ја објави на социјалните мрежи.

За Сулејмани, неприфатливо е коалицирање со ДУИ во пресрет на локалните избори наесен, што се надзира како можност откако Таравари ја напушти владината коалиција. Според Сулејмани заеднички настап со партијата на Ахмети е спротивен на принципите на Алијанса за Албанците.

Реклама
  • Зближувањето со ДУИ во пресрет на локалните избори донесе сериозно отстапување од принципите на кои бевме посветени. Оваа политичка соработка е прекршување на нашите ветувања и претставувањето што го заслужуваат албанските граѓани. Оваа акција е неприфатлива за мене, бидејќи не можам да бидам дел од сојуз кој е формиран за тесни политички интереси и со луѓе споменати на меѓународни црни листи поради вмешаност во сериозни работи“ пишува Сулејмани.

Таравари веќе е во минус еден пратеник и практично нема можност да формира нова пратеничка група. Но затоа, Вреди ќе добие еден пратеник плус. Според листата од парламентарните избори, во петтата изборна единица веднаш по Салим Сулејмани следува доктор-педијатар Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса и дел од Вреди. Доколку Адили-Емини влезе во собранието,  Вреди ќе има 10 пратеници.