Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Судско-обвинителската фела и покрај сите критики од дома, но и од странство, си тера по старо

Стара песна се пее во Судскиот и Советот на јавните обвинители. Спротивно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стара песна се пее во Судскиот и Советот на јавните обвинители. Спротивно на законите, и зад затворени врати си назначуваат луѓе во највисоките тела во правосудството. Сега решија да назначат четворица нови членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, кои не смеат да бидат дел од ова тело. Имено, тие се членови на судско-обвинтелските совети, па затоа не може да бидат и дел од управниот одбор, затоа што така моќта се концентрира во неколку личности. Тие или ќе бидат членови на советите, или во Академијата. Двете заедно не може. Друг проблем, е што додека се во советите, нивните функции им се во мирување, а само како активни судии и обвинители можат да бидат дел од Академијата.

  • „Иако законот наведува дека истите треба да бидат избрани од редот на судиите и јавните обвинители. За жал, оваа е некоја лоша пракса која што ја имавме во минатото дека функциите не треба да се повторуваат дека членовите не треба да бидат членови и на УО на Академијата. За ова и за 2022 година реагираше и ДКСК, конкретно беше за назначување на членови од СС во Акдемијата и в.д. директор. По што беше констатирано дека постои судир на интереси“ вели Ивана Петровска од Коалиција „Сите за правично судење“.

Реакцијата следи откако во врвот на академијата беа ставени Ханиф Зендели и Антоанета Димовска од Судски и Душица Димитриеска и Башким Бесими од Советот на јавните обвинители, чии судско- обвинителски функции се во мирување. Коалицијата „Сите за правично судење“ бараат Антикорупциска да постапи за овој случај.

  • „Ние ќе ја следиме ситуацијата и понатаму со оглед дека актуелниот состав на Акдемијата има мандат до крајот на ноември, а тука е и ДКСК за спречување на судир на интереси, кои се надевам дека ќе преземат дејствија по допрен глас. Но, секако до крајот на месецот ќе видиме дали Советите ќе се произнесат и ќе преземат нешто по ова прашање или ќе мораме да чекаме и ДКСК да се вклучи во целиот процес“ вели Ивана Петровска од Коалиција „Сите за правично судење“.

Ова не прво вакво назначување. Таков беше примерот и за Зоран Герасимовски кој во истоп време беше член на Судскиот совет, на Управниот одбор на Академијата и плус нејзин в.д. директор. По барање на антикоурпционерите, тој си поднесе неотповиклива оставка.

https://alfa.mk/%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%83-%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%b8-%d1%98