Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Судијата Нанев не се појави пред судскиот совет да одговори зошто разговарал 95 пати со обвинет во предмет што го водел

А како пример за тоа каква е состојбата во судството може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А како пример за тоа каква е состојбата во судството може да послужи и денешната јавна расправа во судскиот совет, каде кавадаречкиот судија Лазар Нанев воопшто не се појави за да одговори зошто дури 95 пати разговарал со обвинет во предмет кој што тој го водел.

На денешната седница Нанев требаше да се произнесе по наводите дека тој непрофесионално и неодговорно ја извршувал судиската функција. Седницата беше јавна токму по барање на самиот судија. Претседателката на комисијата Лорета Георгиева информира дека Нанев поканата ја примил на 8 февруари, но до започнување на денешната расправа не пратил никакво известување до судскиот совет.

Како што кажа Георгиева, судијата Нанев само испратил докази во врска со навоите за негова одговорност и напишал дека изјавата ќе ја даде усно затоа што „овој концепт има значење и може да се користи само со усна изјава”.

Реклама

Истовремено Нанев побарал да му се овозможи да ги повика претставниците на меѓународната и дипломатска заедница и невладините органзиации за да имаат увид „во ширењето лаги и невистини”.

Со оглед на тоа што првата седница во јули годинава на која се расправаше за одговорноста на Нанев беше одложена, затоа што судијата известил дека е на лекување во болница, денеска членовите на комисијата констатираа дека седницата може да се одржи особено што Нанев до судскиот совет не доставил никаков доказ за неговото лекување и боледувањето што го користел.

Подносителот на барањето, судијката Антоанета Димовска, рече дека Лазар Нанев намерно или ненамерно направил крупна професионална грешка кога како судија телелфонски комуницирал со обвинетиот извесен Ванчо Кузманов во предмет за стечај на фирма.