Реклама
Прилози

Судијата Александар Камбовски избран за нов претседател на Судски совет

Со 13 гласови за, едногласно членовите на Судскиот совет го избраа Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 13 гласови за, едногласно членовите на Судскиот совет го избраа Александар Камбовски за претсдател на највисокото судско тело. Апелацискиот судија од Битола, кој пред седум месеци стана член на советот од денеска ќе го менаџира и предводи телото кое избира и разрешува судии. Пофалби за стручност и интегтритет како и поддршка доби од речиси сите колеги. Најмногу го пофалија колегите кои се избрани во Собранието и се уште е неизвесно дали ќе останат во Советот, со оглед на најавите за нивно разрешување. Камбовски упати порака до граѓаните, но и до судиите – дека сите што се огрешиле и ќе се огрешат пред законот ќе одговараат . Даде ветување дека ќе ја врати довербата во судството.  

Изборот на претседател на Советот доаѓа во период кога собранискиот спикер веќе најави дека на Комисија за именување и разрешување ќе бидат разрешени петте члеови избрани од пратениците и шефот на државата поради негативниот извештај за работата на Судски совет. И покрај тоа што Советот можеби наскоро ќе биде дефицит со членови, сепак Камбовски верува дека институциите ќе постапуваат согласно Уставот и законите во државата. Тој не сакаше да коментира ниту една политичка изјава, но е дециден дека извршната, собраниската и судската власт мора да соработуваат во интерес на граѓаните.

Изборот на Камбовски доаѓа откако поранешната претседателка Весна Дамева си даде неотповиклива оставка минатиот месец. Таа рече дека оставката е поради недолични изјави на политичари коишто го рушеле нејзиниот дигнитет и интегритет. Нејзиниот мандат беше пропратен со скандали, при што во Советот влезе Оценската мисија на ЕУ, и даде препораки за негово реформирање.

Реклама

Во меѓувреме и Министерството за правда организираше дебати со експерти и судии за да ги скрои новите законски измени за Судски и Обвинителски совет.

Инаку, на денешната седница не беа присутни членовите, министерот Игор Филков и претседателката на Врховен суд Беса Адеми.