Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Судење за „Онкологија“: Нино Васев има нови бранители, бара и нов обвинител

Нестручно и непрофисионално било обвинението против Нино Васев, предметот го водел стручен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нестручно и непрофисионално било обвинението против Нино Васев, предметот го водел стручен советник без никаква правна контрола од обвинителот врз него. Ова е тврдење на двајцата нови бранители  на екс директорот на Онкологија, кои бараат и нов обвинител за предметот. Бараат  лично републичкиот обвинител Коцевски да го застапува обвинението или случајот да биде префрлен  во друго обвинителство во Гостивар, Битола или Штип.

  • Дека дејствијата кои му се ставаат на товар не се кривични дела, дека никаква штета не направил ниту можел да направи, ниту некаква корист можел некому да му овозможи ниту пак можел да овозможи такво нешто. Тоа се драстични работи и поради тоа побаравме мислење и повторна реавулација од државниот јавен обвинител и тоа право го има според законот..“рече Боби Спирковски – Адвокат на Васев.

Според обвинетите обвинението е направено од техничко лице кое е сведок во постапката кое немало познавања во работата, ова го тврдат од непосредното работење со него на клиниката.

Поради тоа судењето на кое требаше да сведочат ќерка и сопруг на починати пациентки на Онкологија се одложи за една недела. За тоа време обвинителот Коцевски треба да донесе одлука по барањето на адвокатите на првообвинетиот за несовесно лекување на десетици пациенти.

Реклама

Иако беа повикани повеќе сведоци дојдоа само двајца, а судијката Снежана Марковска се заложи дека ќе ги обезбеди за следното судење.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.