Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Судење за „Онкологија 2“: Васев како директор се потпишувал на т.н. условна терапија

Нино Васев сака да се брани од куќен притвор или од слобода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нино Васев сака да се брани од куќен притвор или од слобода без пасош. Ова барање неговите бранители го доставиле до Kривичниот суд, бидејќи двата предмети во кои првообвинет е ексдиректорот на Онкологија биле обемни а условите во затвор не дозволувале соодветна одбрана.

  • „Вака од притвор, вакви два предмет, му се загрозува правото на одбрана на човекот- судот не ви дозволува да се гледате? – Денеска побаравме, јас не можам три саати да работам таму, треба да му дадат соба да спијам, посебно што сме двајца, и ова работа е исклучително обемна и самите гледате. Обемна е работата да одговорите на се она што е поставено од обвинителството како докази, како 10 предмети да работите од еднаш “ рече адвокатот Бобир Спирковски.

Додека Нино Васев ја водел клиниката за Онкологија се потпишувал за т.н.   условна терапија да се испорачува пред да биде завршена јавната набавка. Ова го сведочеше вработена во Аптеката на клиниката која дополни дека поголема побарувачка имало за канцер на дојка, а од лековите голем дел оделе и во Дневната болница.

  •  Дали биле земени лекови за реверс од условен буџет пред да случен договор со добавувач и во тек на јавна набавка ? праша обвинителката.
  • Сведок: До декември 2021 година цврсти нарачки по однос на сите лекови се правени од јавни набавки. Кога се прави тоа се доставува до аптека и до доставувачот. Кага се прави набавка за реверс значи дека јавната набавка не е завршена. Цврста набавка се прави кога јавната набавка е завршена и се наведува бројот на договорот. Во реверс такво нешто не постои. -Да, рече сведокот.

Беше сослушана и шалтерска работничка која рече дека додека Васев реководел со Клиниката негов потпис имало на извештаите за лекови од условен буџет.

Реклама
  • Дали се одобруваше терапијата од директорот? Па претпоставувам дека ја одобрувал. Јас работам на Дојка. И кај нас на секој извештај го имаше потписот од доктор Нино Васев, на тие лекови што се на условен буџет. Дали тоа уште така функционира – праша обвинителката. – Од стручен колегиум секој втор четврток на кој присуствуваат сите шефови на оддели и се потпишуваат на една листа, рече сведокот.

За одбраната пак сите сведочења ставиле до знаење дека се работело според закон, дури и со лековите на реверс бидејќи морало да има терапија за најтешко болните.

  • „Па да ви кажам и тоа за мене е ирелевантно дали се давале или не, за мене е битно дали набавките за реверс биле законски или не. Се друго е ирелевантно“ рече Спирковски.

Судот на почетокот од судењето информираше дека републичкиот обвинител Коцевски не се согласил со смена на Ана Гоговска Јакимовска бидејќи обвинението го застапувала професионално, стурчно и законски. 

Во предметот за финансиски злоупотреби на Клиниката за онкологија, освен Васев обвинет е и организацискиот директор Нехат Нухи. И двајцата се во притвор во Шутка.