Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Стојаноски: Со намалување на репрезентативот го либерализираме синдикалното движење

– Ова е нешто кое беше договорено на една од последна одржаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Ова е нешто кое беше договорено на една од последна одржаните седници на економско социјалниот совет да прагот на репрезентативот биде намален од 10 на 5% со што ќе се демократизира синдикалното претставување на економско социјалниот совет и на тој начин сакаме да постигнеме две нешта, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Стојаноски посочи дека на ваков начин многу повеќе работници ќе се претставувани на економско социјалниот совет.

– Прво на ваков начин многу повеќе работници ќе бидат претставувани на економско социјалниот совет, а понатаму многу повеќе синдикати ќе имаат право на глас и ќе може да ги претставуваат работничките граѓани пред Владата и пред работодавачи. Ова е барање на европските институции нешто кое и кај нас во Собранието го соопштија претставниците кои дојдоа од европската конфедерација на синдикати, истото тоа го бараат и од светската конфедерација на синдикати, рече Стојаноски.

Реклама

Стојаноски истакна дека на ваков начин се либерализира синдикалното движење.

– Така да сметаме ние дека на ваков начин ние треба да го либерализираме синдикалното движење и да му дадеме можност подемократски и посуштински со многу повеќе работници позади нив да учествуваат на економско социјалниот совет и да ги претставуваат барањата на работниците, вели Стојаноски.

Стојаноски истакна дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа голем дел работници немаа право на глас на економско социјален совет.

– Досега имам чувство дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа сосема солиден дел од работниците или институциите во нашата држава имаа чувство дека се оставени на страна бидејќи можеа да учествуваат на економско социјален совет, а не можеа да гласаат. На ваков начин ние сметаме дека правиме една правична ситуација, заклучи Стојаноски.