Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Стоилковиќ оствари средба со претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Мандиќ

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Црна Гора Андрија Мандиќ, кој ќе присуствува и на денешната свеченост по повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Македонија.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, а се разговараше на повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.

Двајцата соговорници се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и соработката треба да го задржи досегашното ниво.

Реклама

Потпретседателот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна црногорскиот спикер Мандиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучија дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина.