Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Стоилковиќ оствари работна средба со Никола Селаковиќ

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за односи меѓу заедниците,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со делегација од Република Србија, предводена од министерот за култура, Никола Селаковиќ. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Р. Србија во земјава, Н.Е. Невена Јовановиќ.

Во рамки на средбата беа разгледани повеќе актуелни прашања од заеднички интерес, со потенцијал за натамошно зајакнување на пријателските и традиционално добри односи меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на стратешката соработка и развојот на партнерства во различни области, особено во контекст на капитални инвестиции и реализација на заеднички проекти од стратешко значење.

Двете страни разменија мислења и ставови и за тековните политички и економски состојби во двете држави и регионот, при што беше потенцирана подготвеноста за продолжување на редовниот политички дијалог на највисоко ниво. Воедно, беше нагласена важноста од координирани активности за поттикнување на демократскиот развој и забрзување на економската трансформација преку стабилна и одржлива меѓудржавна соработка.

Реклама

На средбата беа разгледани и можностите за заеднички ангажман во иницијативи кои придонесуваат за унапредување на положбата на припадниците на немнозинските заедници, со акцент на образованието, културата, медиумската застапеност и дигиталната инклузија. Овие напори се во функција на градење инклузивно и кохезивно општество, засновано на еднаквост, почитување и заемна доверба.

Средбата беше оценета како значаен чекор кон унапредување на регионалната соработка и потврда на заедничката волја за продлабочување на билатералните односи преку конкретни и конструктивни иницијативи.