Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Стојаноски: Инфраструктурата носи резултати, раст на градежништвото од 14,6% и силен импулс од капитални проекти

Денеска повторно зборуваме со бројки, затоа што бројките најдобро покажуваат каде се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска повторно зборуваме со бројки, затоа што бројките најдобро покажуваат каде се движи економијата. Македонија е земја во која што шест квартали по ред економијата има стабилен раст. Но, особено е важно да се види што стои зад овој раст, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Најголем придонес има токму градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележа раст од 14,6 проценти. Тоа е највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност.

Градежништвото е еден од секторите со најголем мултипликативен ефект. Што значи ова во пракса?

Реклама

Тоа значи повеќе градилишта, повеќе инфраструктурни проекти, повеќе работа за градежните компании и повеќе ангажман за домашната индустрија.

Кога расте градежништвото, растат и транспортот, производството на материјали, трговијата и услугите. Со други зборови, градежништвото е сектор кој повлекува повеќе други сектори во економијата.

И токму затоа е важно што овој тренд не само што продолжува, туку и се засилува.

Со други зборови, секторот има двегодишен силен раст.

Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеца од 2026 година реализацијата на капиталните инвестиции бележи трицифрен раст, односно значително зголемување во однос на истиот период минатата година.

По растот од 3,8% на БДП и 14,6% во градежништвото во последниот квартал од 2025, сега во 2026 гледаме и трицифрен скок од 179,7% во реализацијата на капиталните инвестиции – што значи дека економскиот мотор не застанува, туку се засилува.

Со други зборови, растот на градежништвото што го видовме во 2025 година не е случајност, туку резултат на активни инвестиции коишто продолжуваат и во 2026 година.

За граѓаните ова значи нешто многу едноставно: повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, повеќе економска активност и повеќе можности за работа за компаниите.

Нашата цел е јасна – економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност.

И токму затоа ќе продолжиме со политики кои ја поддржуваат економијата, ги забрзуваат капиталните проекти и создаваат услови за стабилен и одржлив развој.