Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Стерјовски на Генералното собрание на Европската слободна алијанса ќе предложи Резолуција за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија

Претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, од утре до 6 јуни ќе учествува на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што ќе се одржи во Гандија, Шпанија. На Генералното собрание, меѓу точките на дневниот ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, од утре до 6 јуни ќе учествува на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што ќе се одржи во Гандија, Шпанија.

На Генералното собрание, меѓу точките на дневниот ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена од МАЕИ за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија. Резолуцијата пред делегатите на ЕФА ќе ја образложи Стерјовски.

– Во рамките на собранието се предвидени и билатерални средби на Стерјовски со европратеници, претставници на политички партии од повеќе европски држави, како и со претставници на меѓународни организации кои се занимаваат со заштита на правата на националните малцинства, информираа од МАЕИ.

Реклама

Додаваат дека учеството на МАЕИ на Генералното собрание на ЕФА претставува значајна можност за афирмација на прашањата и предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија пред европската јавност и институции.

Македонска алијанса за европска интеграција во 2024 година стана полноправна членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.