Реклама
Македонија

Стентон се јавува и како подизведувач на „Бехтел и Енка“

Битолската градежна комопанија Стентон освен што добива стотоци милиони евра од државни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолската градежна комопанија Стентон освен што добива стотоци милиони евра од државни тендери, се јавува и како фирма подизведувач за спорните коридори 8 и 10 заедно со  АК инвест“ и „Еуровиа фирмата позната во јавност како најголем донатор на ДУИ.

Овие три компании требаше да ја почнат изградбата на  делницата Гостивар – Букојчани уште во септември лани, но ништо од тоа.

Инаку Стентон е една од најзвучните фирми  во Битола, која низ годините, на документи има сменето тројца сопственици: Пецо Стојаноски, Благој Крстевски и моменталната сопственичка, Снежа Стојаноска. Стентон градба е поврзана со уште три фирми и е основач на две стопански комори, според информациите од Централен регистар. Една од фирмите со назив Макина е регистрирана во скопска Кисела вода и има дури 51 сопственик, а работи со дејност на деловни организации. Другите две фирми Индустриал, и Кес пропертис се занимаваат со издавање на сопствен и изнајмен имот. Името на сопственичката на Стентон се поврзува со овие две компании.

Реклама

Ланската година нето заработувачката на Стентон градба според податоците на Центарален регистар изнесува над милион и пол евра.

Стентон е особено актуелна периодов откако беше обелоденето дека за 29 милиони евра ќе гради сместувачки капацитети, амбуланти и градинки во индустриските зони во Прилеп, Скопје и Штип и тоа на само 5 месеци пред избори и на месец дена пред новата техничка Влада. Властодршците не само што не гледаат ништо спорно во доделувањето на „најдебелиот“ тендер за годинава пред формирање на нова Влада, туку и се зачудени од љубопитноста на медиумите за тајмингот на тендерот, бидејќи, велат, тој бил дел од годишната програма за 2023.

Не гледам што е спорно. Имавме редовна постапка, тоа е предвидено во годишна програма за 2023. Ова е еден нов пристап за давање дополнителни услуги. Ние зборуваме за задржување на работниците, па, платите не се единствен сегмент. Има и други работи. Елементарна работа е детска градинка, примарна здравствена заштита. Ние имаме Зона каде најблиската здравствена заштита е на 20 километри. Извинете, но тоа не е современ услов за работа. Тоа е дел од годишна програма за работа, редовно спроведена постапка, две компании учествувале, конкурентен процес, не знам од кога стана проблем да се вложува во тоа. Законот е јасен. Ние нема да застанеме со работа ако има избори.

Според јавно достапните податоци, ова не ниту прв тендер  од ТИРЗ, ниту прв државен тендер кој го добива компанијата. Минатата година склучиле договор за изградба на терминал на парцела во ТИРЗ Битола во вредност од над два милиони евра .

Во 2018 -та пак за изградба на водоснабдителен систем за ТИРЗ Прилеп се склучил договор тежок 832. 870 евра , а следната година исто во ТИРЗ Прилеп „паднал “ договор за изградба на сообраќајници и хидротехничка инфраструктура во вредност од над 600 илјади евра .

 Во изминативе седум години фирмата добила речиси 34 милиони евра (33.558.975) од тендери за технолошко индустриските зони.

Инаку „Стетон градба“ работи на повеќе државни проекти, меѓу кои и изградбата на железничкиот коридор Бељаковце – Крива Паланка, браната во Штипско на реката Отиња.