Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси

Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување на 300 лекови кои се достапни на нашите граѓани од 1 мај.

Истовремено напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати во изминатите години, преку својот претставник во Собранието, пратеникот, Илија Николовски, кој е претседател на партијата на пензионери, бараше но и нудеше конкретни решенија за овој проблем и предизвик, со кој се соочуваат огромен број на пациенти од кој повеќето се пензионери, се вели во соопштението од партијата.

Бараме Министерство за здравство, во потполност да го спроведе годишното усогласување на максималните цени за 2026 година, и на листата да се најдат многу повеќе лекови со намалени цени со што би се приближиле на рамниште од земјите од регионот, за да не бидеме и понатака земја со највисоки цени на медикаментите.

Реклама

Исто така, ја охрабруваме и поддржуваме Владата за благовремено и сеопфатно носење на сите соодветни мерки и активности, а со цел за подобро справување со моменталната светска, но воедно и домашна, криза со сите видови на енергенси во земјата.

Бараме да не се дозволат злоупотреби од било каков вид и обем, кои вештачки би се пренеле во сите сфери на економијата и со самото тоа на секојдневниот, и онака оптоварен, живот на сите граѓани на земјата.

Потикнуваме директна, отворена, добронамерна и реална комуникација помеѓу сите политички фактори и актери на општествената сцена во Македонија а со цел за полесно поминување на уште едно светско премрежје.

Тешките времиња треба да го дадат најдоброто на една нација и земја, без обѕир на политичкиот дискурс на партиите и поединците.

Партијата на пензионери стои на располагање со целиот свој капацитет на експертиза и знање за допринос во интерес на сите граѓани.

Чесно, Сплотено, Одлучно !!!