Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и континуитет на она што изминатите четири години со макотрпна работа се успеа да се постигне во Кисела Вода. Целта е таа да продолжиме да градиме една општина која ќе биде, која ќе ги спојува сите генерации и ќе создава услови за сите генерации и услови за квалитетно живеење, истакна Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидатка за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

Стаменкоска Трајкоска, синоќа, гостувајќи во дебатната емисија 24 анализа, на Телевизија 24, ги посочи и главните проблеми на граѓаните во општината како комуналната хигиена, јавниот сообраќаен превоз, изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ како и проблемите со кучињата скитници.

-Тоа се проблеми кои навистина имаат интересна нишка, а то значи надлежности, надлежности кои за жал во Град Скопје поврзано со општината Кисела Вода не се менаџираат како што треба. Но со едно добро менаџирање на институциите поврзано на релација Градот Скопје, општина Кисела Вода овие проблеми за многу брзо време можат да бидат надминати, дополни таа.

Реклама

Стаменкоска Трајкоска ги сподели и решенијата кои таа и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаат во програмата за градоначалничката кандидатура за општина Кисела Вода и кажа дека ветува многубројни, но, реални проекти за надминување на проблемите во општината.

-Она што сакам и ќе се стремам да го направам, е системско организирање на јавната чистота. Да се надминат проблемите околку квалитетот на живеење на граѓаните и она што ќе продолжиме да го правиме како континуитет во соработка со останатите, а што е наша надлежност е започнување на многу проекти што ќе значат бенефит за граѓаните, а тоа е ќе спомнам за канализацијата Бабин Дол која е од многу големо значење за граѓаните на Припор. Понатаму,  реконструкција на објектите на месните заедници во Драчево и Пинтија. Доградба на спортска сала во основното училиште „ Кузман Шапкарев“ , доградба на основното училиште „Невена Илиевска-  Дуња“ и многу такви проекти кои ќе значат подобро образование и подобри услови за учениците и нас, кадар во училиштата, рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека ќе се продолжи со изградба на атмосферски канализации, изградба на целата подземна и надземна инфраструктура, зошто почитувани изминатите години во еден период кога СДСM беше на власт навистина ништо не се работеше кога станува збор за општина Кисела Вода.

-Сега имаме дел реконструирани улици, но процесот не треба да запира напротив процесот треба да продолжува. Затоа секогаш го велам тоа дека во Кисела Вода треба да имаме континуитет, треба да имаме продолжување на работите кои се правеа изминатиот период, зошто граѓаните тоа го заслужуваат и посакуваат секако, истакнува таа.