Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Средби на Гаши во Доха со спикерот на Советот на Шурата на Државата Катар и генералниот секретар на Врховниот комитет за испорака и наследство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска во Доха остварил средба со спикерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска во Доха остварил средба со спикерот на Советот на Шурата на Државата Катар, Хасан Бин Абдула Ал-Ганим.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, е разговарано за продлабочување на соработката и можностите за интензивирање на комуникација меѓу двата парламенти.

Претседателот Гаши нагласил дека особено ја цени значајната улога на парламентарната дипломатија, како суштински елемент во градењето мостови меѓу земјите и народите, особено во време на глобални предизвици. Тој упатил покана спикерот на Советот на Шурата следната година да оствари официјална посета на нашата земја во рамките на одбележувањето на 30 години дипломатски односи меѓу двете држави.

Реклама

-Двајцата соговорници се согласија дека Групите за пријателство и соработка што постојат во двата парламенти можат да бидат додадена вредност во размената на искуства и знаења за законодавството од областа на економскиот развој, енергетиката, дигитализацијата како и климатските промени, стои во соопштението.

Гаши во Доха се сретнал и со генералниот секретар на Врховниот комитет за испорака и наследство на Катар, Хасан Ал Тавада, задолжен за развој на филмската индустрија. Како што се наведува во собраниското соопштение, со цел поголем развој на културни и креативни индустрии, државата Катар ја отвора можноста за инвестирање и поддржување на филмови и медиумски проекти како дел од долгогодишна визија за Катар.

Двајцата соговорници, се наведува, се согласиле дека соработка меѓу филмските институции и фестивали на двете држави, преку заеднички продукции, поддршка на млади продуценти и режисери може да придонесе за збогатување на креативниот потенцијал на двете држава.