Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Средба помеѓу заменик-амбасадорот на Франција, Маршето и претседателот на градската организација на ЗНАМ Лабудовиќ

Денес, во седиштето на Движење ЗНАМ за наша Македонија, се одржа средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во седиштето на Движење ЗНАМ за наша Македонија, се одржа средба помеѓу заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето, и претседателот на градската организација, Мирослав Лабудовиќ. На средбата беше разговарано за тековните политички случувања и значењето на клучните институционални реформи како неопходен чекор на патот на земјата кон Европската Унија, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ за наша Македонија, што МИА го објавува во интегрална форма. 

Посебен акцент беше ставен на Реформската агенда, при што беше истакната нејзината клучна улога во забрзувањето на европскиот пат на државата.

Движење ЗНАМ останува силно посветено на процесите кои гарантираат владеење на правото, економски развој и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните. Истакнавме дека доследното и транспарентно спроведување на реформите е врвен приоритет, со цел градење на функционални институции кои ќе ги исполнат очекувањата на македонските граѓани.

Реклама

Двете страни ја потврдија важноста од продолжување на конструктивниот дијалог и соработката, кои се од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и европската иднина на нашата држава.