Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Средба Николовски – Залаи Бобровницки: Потврдени одличните пријателските односи меѓу Македонија и Унгарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета на Унгарија, денеска остварил средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата на која се разговарало за партнерството меѓу двете земји, била истакната одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата.

Стратешката цел е зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакнал вицепремиерот Николоски, додавајќи дека Македонија е рамноправен партнер во НАТО сојузот и во своите капацитети дава сериозен придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност.

Реклама

Исто така тој потенцирал дека Македонија со своите политики дава огромен инпут во регионалниот развој и станува земја пример за регионална соработка со што покажува огромен капацитет за постигнување на европските вредности.

На средбата се дискутирало и за нови можности за соработка меѓу двете земји во делот на одбранбениот сектор, истакнувајќи го фактот дека Македонија нуди сериозен инвестициски потенцијал.

– Пријателските односи меѓу Македонија и Унгарија се на одлично ниво, тоа се потврдува на овие средби и периодот што следи ќе се посвети на интензивирање на соработката која ќе овозможи зацврстување на односите во области од заеднички интерес за двете земји, потврдиле двајцата соговорници, се наведува во соопштението.