Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Средба Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Денес во Собранието се одржа средба со г. Пол Брејтвејт, регионален лидер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во Собранието се одржа средба со г. Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа- од Партнерството за отворена власт (ПОВ), г-а Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа од ПОВ и г. Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување, Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација, г. Бобан Стојаноски – заменик генерален секретар на Собранието и Златко Атанасов – раководител на Парламентарниот институт, во врска со спроведувањето на ПОВ процесот во државата и на Акцискиот план на Собранието кон Партнерството за отворена власт.

На состанокот се нагласи значењето за транспарентноста и пристапноста на институциите, и беа позитивно оценети континуитетот и напорите на државата во спроведување на националниот план.

Собранието останува посветено на преземените заложби во својот Акциски план кои подразбираат:

Реклама

• Развој на електронски регистар на регулаторни тела и други именувања и назначувања од Собранието, јавен, доста и пребарлива за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции и други;
• Информирање на јавноста со нови содржини на Собранискиот ТВ канал, што ќе овозможи подобри и повеќе информации за јавноста за законодавната власт;
• Собранието во својата надзорна надлежност да спроведе надзорна расправа за спроведувањето на Националниот план на државата кон Партнерството за отворена власт;
• Спроведување на Парламентарен караван во општините каде се избрани пратениците, со цел да се овозможи директна комуникација со граѓаните.

Партнерството за отворена власт нуди модел за планирање на мерки и заложби од институциите за реформи, во две годишни акциски планови, заедно со граѓаните и организациите во општеството, со надворешен механизам за следење на спроведување на активностите на законодавната, извршната и судската власт.