Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Средба Џафери – Буршаков: Потенцијали за зголемена трговска размена со Казахстан

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, оствари средба со казахстанскиот амбасадор Сатибалди Буршаков. Како што информираат од собранискат апрес-служба, двајцата соговорници изразија задоволство од првата меѓусебна средба во годината кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Казахстан и овогодинешното отворање на Амбасадата на Република Казахстан во Скопје.

Амбасадорот Буршаков информира за политичкиот и општествениот живот во Казахстан, за огромните ресурси со кои располагаат и за трговската размена со соседните, но и другите земји, вклучувајќи ја и Европската Унија. Во овој контекст стана збор за конкретни идеи и иницијативи во насока на зголемување на економската соработка со нашата земја во области од двостран интерес.

Како битен натамошен фокус беше потенцирано што поскоро воведување безвизен режим, со цел олеснето патување на граѓаните, развој на туризмот и зближување на народите.

Реклама

Исто така, беше предложено зајакнување на парламентарните односи преку двонасочни посети на Комисиите за надворешни работи и трговија, но и Пратеничките групи за соработка, што беше едногласно прифатено од двете страни.