Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Спасувачка акција во Mаврово – жена на кислородна поддршка заглавена во викендичка

Жена на кислородна поддршка заглавена е во викендичка над хотелот „Радика“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жена на кислородна поддршка заглавена е во викендичка над хотелот „Радика“ во Маврово, но имаат агрегат за струја додека чекаат службите денеска да ги извлечат неа и нејзиниот сопруг и да ја префрлат во болница, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Договорено е околу 9 и 30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 до 150 метри до влезната врата на викендицата за да може екипа од итната медицинска помош да ја преземе и транспортира пациентката до клиничката болница во Гостивар“, информираат од ЦУК.

Во село Леуново примен е повик од семејство од Кочани, а со нив и дете кое боледува од епилепсија, а родителите ја немале неопходната терапија со себе. Семејството било извлечено од селото, вчера во 17 часот и е вратено во Кочани во добра состојба.

Реклама

Во драматично спасување извлечена е и бремена жена од селото Врбен. По информацијата дека семејства се заглавени во село Никифорово ангажирана е машина која дошла до селото во 18 часот и тие со сопствените возила се пробивале до пристапниот пат за да се упатат до своите домови.