Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Спасовски убеден дека полицијата си ја завршила работата за двојното убиство

Министерот Спасовски самоуверено ги отфрла и ги нарекува шпекулации сите докази коишто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Спасовски самоуверено ги отфрла и ги нарекува шпекулации сите докази коишто осамнаа во јавноста дека цитроенот и Панче Жежовски се пријавени за исчезнати на 24-ти минатиот месец, а полицијата не трагала по нив. Министерот апелира новинарите да се држат до официјални информации од истрагата бидејќи според него останатите извори се нерелевантни.

Иако опозицијата обелодени дека Цитроенот се движел низ скопската населба Маџари и бил регистриран од камерите на Сејв сити, за министерот сите информации претставуваат шпекулации.

Засега нема конкретен одговор од министерот што точно презела полицијата откако на 24-ти ноември ќерката на Жежовски пријавила дека татко и, но и неговиот автомобил ги нема од 22-ти. Дали возилото е фатено на камерите од Сејф сити од 24-ти до 27-ми ноември, дали полицијата тие денови трагала по Цитроенот, каде се се движело возилото и дали групата осомничени и претходно имале намера да ја киднапираат Вања. Низа прашања се неодговорени, но МВР нема намера да одговара, не само на обвинувањата туку ни на логичните прашања за кои јавноста очекува одгвори.

Реклама

Во меѓувреме, Македонија нетрпеливо чека на есктрадицијата на првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за кои надлежните се убедени дека ќе биде во брзо време. Иако според досегашната пракса, Макеодонија и нема добро искуство со екстрадии за тешки кривични дела како убиство.ж

За убиствата на Вања и велешкиот фризер Жежовски се згрози не само домашната јавнсот, туку и целиот регион. Засега шестмина се осомничени. Првоосомничениот е во екстрадициски притвор во Турција, а останатите притворнени во земјава. Полицијата не ја исклучува можноста за проширување на истрагта која би можело да опфати и други лица.