Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Советот на EУ пресече: нема отварање на преговори со Македонија се додека не се усвојат уставните амандмани

Советот за општи работи на Европската Унија пресече – ќе нема одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот за општи работи на Европската Унија пресече – ќе нема одлука за отворање на преговарачките кластери со Македонија.

Македонија повторно останува во чекалницата на Унијата. Со сменето име, брдо корупција, и не исполнети уставни измени за кои никогаш немаше широк консензус, помина уште една година, а Македонија уште остана заглавена пред вратите на Европското семејство.

Во нацрт-заклучоците, за кои ќе дебатираат министрите за надворешни и за европски прашања на земјите членки на ЕУ се наведува дека има потреба од забрзување на реформите во делот на независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и професионалноста на јавната администрација.

Реклама

Во дел од предлог-заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за Македонија земјите членки ги охрабруваат сите партии во парламентот да се фокусираат на унапредување на ЕУ-реформите и на процесот на пристапување кон Унијата.

Македонија треба да испорача независност, професионалност и непристрасност во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформа на јавноста администрација. Советот изразува сериозна загриженост за некои измени на Кривичниот законик што влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, како и на несоодветни надворешни влијание врз работата на Судскиот совет и судството, стои во предлог заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

Од заклучоците сепак се остава простор за одржување на меѓувладина конференција, ако уставните измени поминат во Собранието.

Советот е подготвен да свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања ниту дополнителна политичка одлука, штом Македонија ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, во согласност со внатрешните процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, стои во предлог заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

Се поизвесно е дека таквата конференција оваа година нема да се одржи особено заради недоволниот број на пратеници на власта во собранието, иако во законодавниот дом помина потребата за уставни измени сепак на СДСМ им фалат уште пратеници за да дојдат до двотретинско мнозинство. Се чини дека неодржувањето на меѓувладината конференција е дирекна вина на власта, оти ветила нешто што не може да го исполни, а сега соочувајќи се со последиците, прстот го вперува кон опозицијата. Што и како ќе се случува во уставните измени, најверојатно ќе се знае, по парламентарните избори пролета, односно по формирање новиот парламентарен состав.