Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател на Советот

Советот на јавни обвинители на Македонија, денеска ќе ја одржи 32. седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавни обвинители на Македонија, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот.

Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов претседател согласно одлуката со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.

На дневен ред на 32. седница се и донесување одлука за престанок на функција јавен обвинител по сопствено барање и формирање на Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за 2025 – 2028, стои во соопштението објавено на веб страницата на Советот на јавни обвинители.