Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Сопственикот на „Пулс“ останува во Кумановскиот затвор, немал забелешки на вработените туку на душекот и честите претреси

Управата на затворот во Куманово писмено го известила Судот дека по разговор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата на затворот во Куманово писмено го известила Судот дека по разговор со првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“, тој изјавил дека нема забелешки за односот на службените лица, туку само за душекот на кој спие и за честите претреси. Ова беше соопштено денеска на главната расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“

Судот информираше дека веднаш по минатата главна расправа и по предлогот на бранителката на Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, телефонски контактирал со притворското одделение во затворот во Куманово за барањето обвинетиот да биде преместен во Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари.

Од затворот, како што беше прочитано во судница, по неколку дена доставиле и писмено известување до Судот.

Реклама

„Во врска со добиените сознанија од медиумите дека притвореното лице се жали на нечовечко однесување од службени лица во Куманово, на 26 февруари од страна на раководниот тим е извршен разговор со истиот, при што обвинетиот посочи дека нема никаков проблем со ниту еден вработен во затворот. Имаше забелешки за душекот во кој спие и за честите претреси“, се наведува во дописот.

Во известувањето се додава дека доколку притвореното лице има потреба од специјален душек, тоа треба да биде поткрепено со соодветна медицинска документација, а претресите се вршат редовно кај сите притворени лица, особено по информации за можност од недозволени предмети во просториите.

Бранителката на првообвинетиот, адвокатката Коцевска, посочи дека Управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент, поради што повторно побара Јованов да биде префрлен од затворот во Куманово. Според неа, „нормално и природно е затворот да се произнесе дека обвинетиот кажал дека не се однесуваат нечовечно“. 

Бранителката на Јованов се обиде да прочита и медицинска документација, посочувајќи дека Јованов имал тешка операција, но судијката ја прекина и ѝ укажа документацијата да ја достави до затворот во Куманово.

Претходно, на почетокот од главната расправа, обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот каде што беше сместена дискотеката „Пулс“, побара од Судот да го ослободи од присуство, жалејќи се на лоша здравствена состојба, дијагностицирана сепса на градите и бактерија, за што судијката Дијана Груевска-Илиевски рече дека е запознаена и дека секојдневно била во комуникација со докторите, кои како што рече, ја информирале дека е најдена бактерија, но дека не е тоа многу сериозно.

Обвинетиот Милковски, кој се жалеше на лошата здравствена состојба и на претходните неколку рочишта, на ова инсистираше Судот да преземе нешто, нагласувајќи дека во спротивно може нема да дојде на некое од следните судења, по што Груевска-Илиевска децидно одговори дека „првиот пат кога нема да се појави обвинетиот на судење, ќе му биде определен притвор“.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна ноќта на 16 март минатата година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, а постапката се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судењето продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.