Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките

Изминатите денови сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатите денови сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките, со појава на цветови. Оваа фаза е особено изразена кај коскестите видови, кои вообичаено први се будат и тоа најмногу кај оние во јужните краишта и Повардарието, велат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, ова е период кога може да се засее пролетна сорта на јачменот, а тополото време е погодно и за останатите, вообичаени активности во поле.

-Кајсијата во Свети Николе на некои места веќе се наоѓа во фаза на општо цветање. Таа е топлољубиво растение, рано цути, често може да страда од пролетни мразеви и затоа треба да се сади на погодни локации на издигнати положби со добра воздушна дренажа, со цел штетите од мраз да бидат помали. Кај некои од поледелските култури како што е пролетна сорта на јачменот, ова е период кога може да се засее, рано напролет, во почетокот на март. Тој ‘рти на 1 до 3°C. Отпорноста на ниски температури зависи од сортата. Слабозакалените растенија можат да измрзнат и на -10 до -12°C, објаснуваат агрометеоролозите.

Реклама

За време на викендот и до средината на следната недела, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време.

-Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ваквите временски услови се добредојдени за изведување работи во поле, што ќе им овозможи на земјоделците да ја вршат и понатаму резидбата на виновата лоза и овошките – отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), како и да ги подготвуваат површините во пластеничкото производство и да ги прихрануваат есенските посеви. Времето е погодно и за подговотвка на почвата за сеидба на раните пролетни култури, за садење одредени раноградинарски култури, како и за други агротехнички мерки, наведуваат  агрометеоролозите од УХМР.