Реклама

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Македонија

Собраниска 72. седница, продолжението ќе биде дополнително закажано

Продолжението на 72. собраниска седница кратко по почетокот беше прекината поради, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжението на 72. собраниска седница кратко по почетокот беше прекината поради, како што кажа потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, немање на деловнички можности и неприсуството на владините претставници предлагачи на предлог-законите што се на дневниот ред на седницата.

Милошоски потенцира оти со точките ќе продолжат кога ќе се создадат услови, а за продолжението најави дека допопнително ќе информираат од Собранието.

Преостанати точки од оваа седница се Прeдлог на одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).

Реклама

На дневен ред на оваа седница по скратена постапка се Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за средното образование и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка.