Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Балкан

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста

Денеска е Ден на српската државност во знак на сеќавање на 15…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска е Ден на српската државност во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога започнало Првото српско востание, а на истиот датум во 1835 година бил донесен првиот српски Устав.

Празникот ќе се одбележи со низа настани, а централната државна церемонија ќе се одржи во Орашац, а ќе ја води премиерот Ѓуро Мацут.

Во зградата на старото собрание во Крагуевац ќе се одржи Сретенска академија, бидејќи Денот на државноста на Србија паѓа на верски празник – Сретение.

Реклама

Денот на државноста на Србија се слави на 15 и 16 февруари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им го честиташе на сите граѓани – Денот на државноста.

„На Сретение, со гордост се сеќаваме на историските моменти во кои Србија ги постави темелите на својата слобода, уставност и државност. Овој голем празник нè потсетува на силата на единството и одговорноста што ја имаме да ја зачуваме стабилноста и да изградиме безбедна иднина за нашата земја. Им го честитам Националниот ден на сите граѓани на Република Србија. Нека Сретение ни биде поттик да продолжиме да работиме за силна, успешна и горда Србија“, се вели во честитката на претседателот објавена на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Според хроничарите, на 15 февруари 1804 година, востаниците предводени од Ѓорѓе Петровиќ-Караѓорѓе, на собир во Орашац, одлучиле да го започнат Првото српско востание.

Во следните неколку години, востаничката војска ги победила османлиските сили и ја ослободила речиси целата територија на Белградскиот пашалук, со што започнало создавањето на српската држава.

Во Крагуевац, исто така на 15 февруари, но 31 година подоцна, во 1835 година, бил донесен Сретенскиот устав, што според хроничарите бил еден од најдемократските устави од тоа време.