Реклама

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Македонија

Со цел целосна транспарентност, Општина Дебар почна консултации за урбанистичко планирање

Транспарентноста во активностите на локалната самоуправа е важна основа за демократските процеси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспарентноста во активностите на локалната самоуправа е важна основа за демократските процеси во земјата, а нормално и на локално ниво, оценува Општина Дебар, која презема активности за зголемување на нивото на транспарентност, посебно кога станува збор за одобрување на урбанистички планови.

Токму за оваа цел, општинските институции објавија повик преку кој се даваат информации во однос на постапките за одобрување на урбанистичките планови.

Општина Дебар, во духот на новото отворено, транспарентно и соработничко управување со граѓаните, најавува дека повторно ќе организира јавна презентација и јавна анкета во врска со нацрт-планот: „Урбанистички план за село Рајчица – изработка на Блок 1 и Блок 2, Општина Дебар“, со цел да се обезбеди целосна вклученост и добивање мислења од граѓаните и заинтересираните страни. 

Реклама

-Овој процес има за цел да обезбеди секој жител и заинтересирана страна да има можност да биде добро информиран за содржината на урбанистичките планови, да ги изрази своите мислења и предлози и да придонесе во обликувањето на просторното планирање во нашата општина. Општина Дебар ја нагласува важноста од учеството на граѓаните и ги поканува сите да го дадат својот придонес во овој процес, велат од општината.

Додаваат дека, градоначалникот Фисник Меља и општинскиот совет се посветени на максимална транспарентност во врска со ова прашање. Според нив, транспарентноста е секогаш неопходна.

Со оваа активност, Општината ги охрабрува граѓаните активно да учествуваат во процесот, со пораката дека „заедно градиме подобра заедница и одржлив урбан развој за сите“. Оваа практика, според најавата, ќе се применува и на идните планови на територијата на градот.

Локалната самоуправа презеде конкретни активности со цел годинава, по повеќе од две децении, да усвои генерален урбанистички план, од кој зависи развојот на општината.