Реклама
Прилози

Со 300 евра сакаше Македонците да ги прави Бугари- кој е провокаторот Виктор Стојанов кој доби кривична пријава?!

Со 300 евра сакаше Македонците да ги прави Бугари. По долги години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 300 евра сакаше Македонците да ги прави Бугари. По долги години провокации, целосно негирање и обиди за бугаризација на македонскиот народ, конечно надлежните во Македонија со кривична пријава го гонат провокаторот Виктор Стојанов. Првиот човек на бугарската „Фондација Македонија“, стана познат по секојдневните провокации. 

Тој ги повикуваше Македонците да си го променат презимето од СКИ на ОВ или ЕВ, а за тоа да добијат 300 евра. Дури за Алфа се правдаше и дека не се обидувал да ги поткупува македонските граѓани, туку сакал да исправи грешки од времето на Југославија, преку тоа што Македонците ќе се пишеле Бугари.

-Да, напишавме „со бугарско потекло“ бидејќи на повеќето луѓе на кои им е сменето презимето се со бугарско потекло, но тоа не им пречи да се изјаснат како Македонци, и ние им го признаваме тоа. Имам многу пријатели во Македонија кои се со бугарско потекло, но денеска си се Македонци, се чувствуваат како Македонци и си ја сакаат Македонија. Ние го признаваме тоа што тие се Македонци. Има разлика меѓу тоа што е човек по потекло, и што е денеска според нацијата, вели Виктор Стојанов – Фондација Македонија.

Реклама

Пред да добие забрана за влез во Македонија, Стојанов своите провокации ги ширеше директно и на македонска тероторија. Неговата ораганизација го преплави Скопје и другите градови низ државава со налепници каде се претопени македонско и бугарски знаме и порака дека сме биле еден народ, промовирајќи ја бугарската теза дека сме еден народ во држави. Делеше и книги, тврдејќи дека браќата Миладинови биле Бугари.

-Здраво, пристигнавме во Скопје, зад мене се книгите, тука имаме луѓе кои чекаат да ги земат. Сега ќе ги растоварам и ќе отидам во уште неколку градови каде што ќе ги растоварам книгите. Сите книги ќе бидат дадени на 920 луѓе, 920 книги бугарски народни песни од Браќа Миладинови, вели Стојанов.

Стојанов се обидуваше да шири асимилаторска политика со таблети и тетратки, за како што велеше бугарските деца во Македонија. На помалку и смешен начин беше во акција да ги убедува Македонците од Албанија дека биле Бугари.

-Дојди. Чекај, чекај, тука да ја поздравиш Бугарија.

-Кажи како се викаш?

-Ружди.

-Бугарин ли си?

-Да да.

-А тие деца Бугарчиња ли се?

-Да.

-Што сакате, тетратки?…, беше еден од разговорите кои ги имаше Виктор Стојанов.

Во ек на пописот во Албанија во Албанија тој и убедуваше Македонците да се запишеле како Бугари.

-Здраво, и ти ли си Бугарин како другите?

-Да бе.

-Ете го гледате човекот и тој е Бугарин. Да видиме понатаму што се останатите луѓе. Сега имаме иницијатива тука со учениците во Острени. Планираме да се видиме со директорите во Големо Острени, после ќе одиме во Требишта и мало Острени, да видиме што се луѓето, затоа што многу пропаганда има на интернет, беше еден од разговорите кои ги имаше Стојанов.

Инаку, Јавното обвинителство поднесе кривично дело против Стојанов поради сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Дополнително, во јавноста беа забележани и активности преку повеќе интернет-портали и подкасти, преку кои се пласираа содржини оценети како провокативни и насочени кон создавање тензии. Во рамки на „Фондацијата Македонија“ регистриран е и посебен веб-сајт за поддршка на Бугарите во Македонија, преку кој се објавуваат содржини и иницијативи поврзани со делувањето на организацијата.

Матеја Петровски