Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Прилози

Случај „Онкологија“: Пациенти болни од рак се лекувале со погрешна терапија

Пациенти болни од рак на скопска Онкологија се лекувале со погрешна терапија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациенти болни од рак на скопска Онкологија се лекувале со погрешна терапија. Во судскиот процес за Онкологоија, ова го тврди вештакот од Словенија, повикан од Обвинителството, доктор Маја Равник. Како пример таа го наведе случајот со пациентка со карцином на јајници во трет стадиум, која била лекувана со лекарствата „капецетабин“ и „цетуксимаб“, иако за тоа немало индикација. Според нејзе ваквата комбинација на лекови предизвикала многу сериозни компликации.

-Рак на јајници не се лекува со капецетабин. Цетуксимаб не е индицирана терапија за рак на јајници. Од историите е очигледно дека промените во лекувањето не биле совесно бележани и многу пати се правени без какво било објаснување. Одлучувањето за изборот на лекот секогаш треба да оди преку онколошкиот конзилиум, кажа Равник.

Според вештачањето на Маја Равник и Јасмина Јордан, двете вработени во Клиникчкиот центар и Универзитетот во Марибор, проблематично било и дозирањето на терапиите. Промената на дозата или на лекот не може да биде произволна туку мора да се заведе секоја промена заедно со причината. Равник кажа дека ако лекот не е индициран за лекување болест, значи дека нема ефект при лекувањето на таа болест.

Реклама

-Ако фактички пациентот го прими, не може да се очекува одговор на болеста, туку само токсичност на лекот. Затоа е нужно лекување во согласност со протоколите и индикациите. Ако лекуваме без индикација, тогаш болеста е надвор од контрола, може да напредува, што вообичаено се случува кај метастазирана болест и води кон дополнително влошување на пациентот заради токсичниот ефект на лекот. Прогресијата на болеста е поголем товар на ракот и исцрпување на здравиот дел од телото, влошување на општата клиничка состојба на пациентот, намалена веројатност за успешно лекување и се зголемуваат ризиците од компликации при лекувањето, кажа Равник.

Равник зборуваше и дека пред смрт, кај пациенти со рак не се дава ни хемо, имуно, ни биолошка терапија поради токсичноста, и дека требало само да се пристапи кон палијативна нега. Според вештакот ако пациентот е во слаба општа состојба, тој само се мачи ако притоа му се дава и ваква терапија.

Во овој судски процес обвинети за несовесно лекување пациенти, се поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози вработени на Клиниката, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Постапката започн а против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина по што доби пресуда од две години условна казна затвор.

Матеја Петровски