Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Скандалозно обраќање во ЕП: Грчка европратеничка говори дека Македонците се Бугари кои зборуваат бугарски дијалект, а во ЕУ ни на сон не сме можеле без променета историја!

Грчката европратеничка Афродити Латинопулу со скандалозно и безобразно обраќање им даде поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грчката европратеничка Афродити Латинопулу со скандалозно и безобразно обраќање им даде поддршка на колегите од Бугарија кои бараат од извештајот за Македонија да се избришат термините македонски јазик и идентитет. Пред целиот Европски Парламент ултра-десничарката настапи со крајно навредливи и целосно негирачки ставови кон Македонците и македонскиот јазик.

Нејзиното обраќање:

– Денеска јас ќе говорам како Македонка бидејќи сум горда Македонка. Вистинска, не лажна како резидентите во Скопје. Тие се срамат да кажат она што се. Дојдовме до точка каде честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е коректна, бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и дека нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е Грција – преболете го тоа – рече таа.

Реклама

Спротивно од Латинопули излезена од 19 век или поранко, нејзиниот сонародник Константинос Абванитис од групата Левица оцени дека напредокот во пристапувањето треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми и изрази надеж дека Европската Комисија „ќе покаже иста ревност кон Западниот Балкан, како што покажува кон Источна Европа“.

Со негативен став кон нас, очекувано, настапија и бугарските европратеници, како Ивајло Валчев, Станислав Стојанов, потоа Андреј Ковачев и останатите бугарски пратеници кои учествуваа во дебатата.

Сепак, наспроти тоа, мнозинството европратеници од партиите од т.н. „проевропско мнозинство“ во Европскиот парламент во синоќешната дебата по Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година, изразија поддршка за нејзините европски аспирации и за пристапување кон ЕУ.

Највпечатлив беше настапот на словенечката европратеничка Ирена Јовева која изјави:

– За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст – рече Јовева.

Јовева додаде и дека документот на пратеникот Томас Вајц е извештај за патот на земја кандидатка за членство, на кој таа е понижена од некои членки на Унијата. Таа нагласи дека нема да гласа за амандманите за бришење на формулација „македонски идентитет и јазик“ од Извештајот, потенцирајќи дека македонскиот идентитет нема да исчезне поради нечие лобирање.

Извештајот денеска ќе бде ставен на гласање.