Реклама
Македонија

СКАНДАЛ – Еден од напаѓачите во М-НАВ требало да биде во затвор, но тој е во бегство

Фудбалерот Ерсен Сали, еден од напаѓачите во радарската кула на аеродромот досега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фудбалерот Ерсен Сали, еден од напаѓачите во радарската кула на аеродромот досега требаше да биде зад решетки, но со македонските магични и небулозни обвинителства и судови, сега најверојатно е заминат во странство заедно со другиот напаѓач, поранешен директор на фудбалскиот клуб Шкупи, Омер Буњаку, неофицијално обелоденуваат медиумите.  

Според информациите на Лидер, Сали е осуден уште во 2022 затоа што пукал во дуќан и го суделе за тешки дела против безбедноста, но се жалел на апелација со што новоизбраниот републички обвинител Наум Пановски се согласил на условна казна, па Сали наместо во затвор, останал на слобода. Сали и неговиот брат заедно со други лица пред две години пукале во деловен простор при што брат му не ни бил дел од истрагата, а иако на Сали му било пронајдено автоматско оружје тој за настанот не бил ниту еден ден во притвор.

Обвинителот Пановски најпрво не се согласувал на помала казна од една година затвор, но потоа писмено се предомислил и прифатил Сали да не оди во затвор. Пановски последниве години значително напредува, од СЈО во Вишо обвинителство, а од пред Нова, стана и републички обвинител.

Реклама

Магијата на обвинителството се виде и во квалификацијата на делото за нападот врз контролорите на летање во кое главна улога имаше беким Незири, претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, кој е и вработен како советник во М-НАВ. Тој и уште тројца приведени не добија притвор, туку само мерки на претпазливост. Судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ донесоа ваква одлука оти обвинителството не обезбедило конкретни докази:

„Од страна на ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“, велат од Основен суд Скопје 1.

Инаку освен Беким Незири, кој во минатото беше и министер за економија, неофицијално дел од бандата која го изврши нападот во контролната кула бил и Омер Буњаку, советникот на Артан Груби и поранешен директор на ФК Шкупи кој исто така е во бегство. Тој е предводник на навивачката група Шверцери и има сочно полициско досие уште од 2011. За време на тепачките на Кале, не само што беше учесник, туку министерот на ДУИ, Џевад Бучи му ги извади лисиците пред камерите. Пред неколку дена, по пресконференцијата на синдикатот на Македонска навигација на која обвинија за партиски вработувања, банда упадна во контролната кула и ги нападна контролорите на летање. За осуммина има истрага, четворица се без пасоши, а останатите се во бегство.