Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Симонофски: „ВМРО-ДПМНЕ, Албанија”, дом кој ќе биде силата, гласот и срцето на сите Македонци што живеат на овие простори

Претседателката на новото македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ – Албанија” со седиште во Тирана,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на новото македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ – Албанија” со седиште во Тирана, Елена Симонофски, по отворањето на новата канцеларија, го оценува како огромна чест и длабока емоција, додавајќи дека „ќе биде дом на силата, гласот и срцето на сите Македонци што живеат на овие простори”.

-Нашата мисија е јасна: да го зачуваме и унапредиме македонскиот идентитет, да го негуваме јазикот и културата, да ги обединиме нашите луѓе каде и да живеат, создавајќи платформа која ќе нè поврзува. Да бидеме едно семејство – македонско по дух, силно по корени, гордо по традиција, наведува таа во објава на Фејсбук.

Особена благодарност изразува до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  за „неговата искрена подадена рака, несебична поддршка што ја дава во зачувувањето, унапредувањето и промовирањето на нашето национално богатство”.

Реклама

-Искажувам посебна благодарност за признанието што ни го укажа со неговото присуство на промоцијата и отвaрањето на нашето здружение. Тоа за нас не е само протокол — тоа е симбол на заедништво. Симбол дека Македонија не заборава никого, дека секој Македонец, без оглед на границите, е дел од едно исто национално тело, посочува Симонофски.

Во присуство на голем број Македонци од сите делови на Албанија, вчера премиерот Мицкоски присуствуваше на свеченото отворање на новата канцеларија на здружението.

Овој, како што го нарекува, историски момент, го поздрави и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа” и поранешен градоначалник на Општина Пустец.

-Отворањето на здружението ВМРО-ДПМНЕ Албанија во Тирана претставува нова страница за сите Македонци во Албанија.  Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и присуството – тоа значи многу за сите нас. Македонија е една, каде и да сме, напиша Темелко.