Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

Симон Трпчески повторно ја восхити токиската публика на 20-годишнината од своето јапонско деби

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 3, 4 и 5…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 3, 4 и 5 септември повторно ја воодушеви јапонската публика на своите три концерти на различни престижни сцени во Токио. Во рамките на оваа турнеја во јапонската престолнина, Трпчески одбележа две децении од своето деби во Земјата на изгрејсонцето. Заедно со Токискиот Метрополитен симфониски оркестар и симболично, како и пред 20 години, нашиот пијано виртуоз настапи под диригентската палка токму на еден од водечките јапонски диригенти, маестро Казуши Оно (шеф-диригент на споменатиот оркестар, но и на Националната опера во Токио).

Трпчески во изјавата за Македонското радио веднаш по несекојдневната концертна серија не го криеше задоволството од приемот на кој што наиде повторно. 

– Почестен сум од полните Токио Метрополитен театар и Сантори салата – една од најпознатите концертни сали во светот што беше распродадена, во кои настапив со овие прекрасни уметници на Оркестарот со кои го изведовме монументалниот и предизвикувачки „Концерт број 3 за пијано и оркестар“ од Сергеј Рахмањинов. Исклучителната публика и двете оркестарски вечери срдечно ме враќаше два пати на бис, а поддршката кулминираше на рециталот третата вечер во извонредната Јамаха концертна сала, кога по изведбата на дела од Чајковски, Бетовен, Равел и Прокофјев, дури 5 пати бев вратен бис. Секако, се заблагодарив со неколку обработки на познати јапонски песни, како и со верзијата на „Не си го продавај Кољо чифликот“ на Димитрије Бужаровски, што ја посветив на сите жртви на земјотреси особено поврзувајќи го фактот за јапонската експертиза во нашиот трагичен настан и помошта што донесе ново посебно високо ниво на македонско-јапонско пријателство и соработка. Се’ уште сум под импресии од искреноста, топлината и воодушевувањето со кои повторно бев прегрнат од публиката – рече Трпчески горд што во периодот кога Македонија го одбележува својот јубилеј повторно на далечните меридијани во најубаво светло го слави нејзиното име.

Реклама

Како што информира КултурОп, богатиот концертен распоред на нашиот пијанист што изминатиот период го одведе и на сцените низ Европа, но и во Охрид и Битола, за следна дестинација ја има хрватската престолнина каде што ќе го прослави својот роденден отворајќи ја новата концертна сезона на Загрепската филхармонија со која под диригентската палка на оркестарскиот шеф-диригент Давид Рунц од Полска, ќе го изведе „Концертот број 1 за пијано и оркестар“ од Сергеј Рахмањинов.