Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Силјановска – Давкова во вториот круг влегува со повеќе од двојна предност пред Пендаровски

2 спрема 1 во корист на Гордана Силјановска Давкова на првиот круг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2 спрема 1 во корист на Гордана Силјановска Давкова на првиот круг претседателски избори, или цели 180 илјади гласови повеќе од второ пласираниот Стево Пендаровски. Со освоени 362.682 гласови или (40,08%), кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ извојува голема победа во споредба со 180.306 гласови (19,93%) кои ги освои кандиадтот на СДСМ.

Во вториот круг Силјановска влегува со огромна предност, која Пенадровски многу тешко ќе ја намали, па дури и да ја добие подршката од третопласираниот Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ. По првиот круг, двајцата заедно имаат помалку гласови отколку Силјановска сама.  

Бројките покажуваат дека има драстичен пад на довербата кај гласачите на СДСМ. Дури 143.500 гласови помалку освоија социјал-демократите во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година.

Реклама

Големо изненадување овој изборен циклус, е што кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитриевски успеа да освои 83.787 гласа или 9,26 отсто, што е дупло повеќе од кандидатката на Левица, Билјана Ванковска кој освои 41.172. Најголем губитник е кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој е единствениот претседателски кандидат во историјата на Македонија кој не успеал на избори да ги добие ни гласовите од оние 10 000 граѓани кои се потпишале зад неговата кандидатура.

Според гласовите, позади Давкова и Пендаровски, како третопласиран е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа,додека пак Арбен Таравари од ВРЕДИ доби 83.356 гласови, што преставуѕва разлика од нешто над 30-тина илјади гласови.

Интересно е што, професорката Гордана Силјановска-Давкова е убедлив победник во дури 60 општини, додека власта ги загуби речиси сите општини во Македонија. Нивниот кандидат води само во три мали места – Крушево , Маврово и во Центар Жупа.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ најмногу гласачи има во источна Македонија. Зачудувачки е што и во Струмица, каде што СДСМ низ историјата традиционално извојувал победи, на овие избори победи Силјановска.

И скопски Центар каде што главно беше базата на гласачи на СДСМ, овој пат ја изгласаа професорката.

Бујар Османи освои 15 општини, меѓу кои Тетово и Арачиново.Таму резултатите се со многу тесна разлика со неговиот противкандидат Арбен Таравари. Кандидатот од ВРЕДИ, пак го освои Гостивар. Максим Димитриевски победи само во општината каде што е градоачалник.

За две недели, на 8 мај, гласачите во Македонија повторно ќе имаат можност да ја заокружат политичката опција што им е најблиска. И тоа на две ливчиња – на претседателски и парламентарни избори.

Ања Лукарова