Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Силјановска Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!

Верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава, порача Силјановска Давкова.

Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното. Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите, истакна кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме Албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот. Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот! Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак! Не! Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема, рече таа.

Реклама

Понатаму во говорот, Силјановска Давкова порача: Во последниот извештај на Фридом хаус до нас е упатена порака: – Крајно време е да престанеме да бидеме хибриден режим кој се врти во корупцијата и криминалот! Крајно време е стручноста и компетентноста да бидат важечките критериуми за влез во било која професија, за било која функција! Така не само што ќе ги задржиме најупешните и ќе ги охрабриме младите да останат тука, туку ќе се знае дека кој и да дојде на власт, државата ќе функционира. Оваа држава не функционира како правна држава!

-Тука и претседалот има улога, јасно ви е. Поминаа многу закони на кои мораше да им стави вето. Еден од најстрашните е оној за измени на Кривичниот законик! Значи, тој стана соученик во стимулирањето на криминалот. Зошто? Затоа што измислуваше најразлични аргументации зошто измените се добри, па споредуваше со Германија и слично. Но, факт е дека обезбедија со тој ужасен закон, всушност легализација на корупцијата и криминалот. Односно, обезбедија заштита на корумпираните и на криминалците. Ние тоа нема да го дозволиме! На ниту едно ниво, во ниту една институција. Оти силните институции, процедурата и санкционирањето се гаранција не само за демократска, туку и за правна држава. Таквите држави се европски држави, а не државите што тие ги нарекуваат европски, како нашата. Не е европска нашата држава. Но, верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава, порача Силјановска Давкова.