Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Мора да бидеме обединети ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 11 Октомври во која повикува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 11 Октомври во која повикува на обединетост и слотеност.

– Живееме во тегобно време на војни и воени закани, срамни за 21 век. Битисуваме оптоварени со суштински проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Исправени сме пред нови предизвици, несвојствени за демократијата. Од нас се бараат илинденска и партизанска  зрелост, мудрост и храброст во донесувањето клучни одлуки. Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме од оние кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија, спремни за жртвување во ослободителната мисија!, порачува Сиљановска-Давкова.  

Во честитката, претседателката се навраќа на 11 октомври 1941 година посочувајќи дека тогаш отпорот и антифашистичката борба на македонскиот народ, во време кога многу поголеми и посилни народи се придружиле кон оската на злото, или се дистанцирале од војната, се доказ дека слободата, правдата и еднаквоста се вткаени во нашата слободарска и револуционерна традиција како неразделен елемент на македонската ДНК. 

Реклама

– Во драматичните денови на Втората светска војна, покажавме дека обединети и сплотени, без оглед на социјалната, етничката, верската, идеолошката или друга припадност, можеме да ги победиме силата и неправдата. Затоа, прославата на 11 Октомври, не е само потсетување на една славна епопеја, туку повик за нејзино продолжување со дијалог во мир, вели Сиљановска-Давкова во честитката.