Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Форумот за културна дипломатија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на третиот Форум за културна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на третиот Форум за културна дипломатија, што се одржува во Собранието под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов.

Третата сесија во рамки на форумот, чија домаќинка е претседателката Сиљановска-Давкова е насловена „Мали држави, големо влијание: Справување со глобалните предизвици преку заеднички мултилатерализам“.Говорници во дебатата ќе бидат: поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешениот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.

На форумот вчера се дебатираше на темата „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да зајакнат демократските институции“ на која беше заклучено дека културната дипломатија игра голема улога во јакнењето на демократијата, во период кога, како што беше речено, таа е во стагнација, со оглед на големите гео-политички придвижувања.

Реклама

Настанот го отворипретседателот на Собранието, Африм Гаши, а меѓу говорниците беа поранешниот претседател  Иванов, поранешниот претседател на Албанија Реџеп Мајдани, како и поранешниот претседател на Парламентот на Црна Гора Ранко Кривокапиќ, како и Тасмина Ахмет – Шеик, поранешна членка на Британскиот парламент; Давор Филиповиќ, поранешен министер за економија и одржлив развој на Хрватска, Делиа Доминиго Алберт, поранешна секретарка за надворешни работо на Филипините.