Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека според информациите, што ги има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека според информациите, што ги има од британскиот амбасадор и од Владата тврдењата дека се преговарало со Велика Британија за прифаќање мигранти во земјава се неточни.

Таа одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава и во однос на резолуцијата за мигрантите до Собранието, што претходно ја најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека ова прашање се интензивирало деновиве, а за него се зборувало уште кога се склучило стратешкото партнерство со Велика Британија.  

-Ова прашање се интенвизира деновиве, инаку мислам дека за него чувме уште во време на склучувањето на Стратешкото партнерство. Колку што јас сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно. Мојот став е дека ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа она што вие сега го кажувате резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно, рече Сиљановска Давкова по отворањето на Меѓународниот форум насловен „Глокализација  2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN). 

Реклама

Сметам дека секогаш кога преземате некои активности, додаде претседателката, тоа мора да се заснова на факти и докази, за да не се губи времето во креирање дополнителни поделби за прашања кои навистина го немаат одговорот.