Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска ќе го прими американскиот командант на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги.

Генерал-мајор Најт, како што информираат од Кабинетот на  Сиљановска – Давкова, се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува с

Генерал-мајор Грегори Најт, од денеска до 11 декември ќе престојува во официјална посета на државава. 

Реклама

Како што соопшти АРМ, по пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба со претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, како и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во рамки на посетата, како што информираат од АРМ, командантот на Националната гарда на Вермонт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде се предвидени средби со раководството на Академијата.