Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сиљановска‑Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

Активностите на фондацијата „Мармара“ и нејзината улога во поттикнувањето на меѓународната соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активностите на фондацијата „Мармара“ и нејзината улога во поттикнувањето на меѓународната соработка и регионалниот дијалог, како и можностите за унапредување на односите меѓу Македонија и Република Турција, биле темите на разговор на средбата на претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер, чија фондација е организатор на Евроазискиот економски самит, што ќе се одржи во мај во Истанбул.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, таа ја истакнала поддршката што Турција ѝ ја дава на земјата од независноста до денес, а како значаен фактор го посочила и придонесот на турската заедница во земјава, која, според неа, претставува мост на соработка меѓу двете држави,

-Посебен акцент беше ставен на претстојното 29. издание на Евроазискиот економски самит, што ќе се одржи во мај во Истанбул, во организација на фондацијата „Мармара“. Сиљановска‑Давкова оцени дека самитот е важна меѓународна платформа која ги обединува државниците, политичарите, академиците, бизнис‑лидерите, граѓанските организации и верските претставници, а преку годинешната тема „Глобална одговорност“ нуди придонес во адресирањето на политичките, безбедносните, економските, еколошките и моралните предизвици на современиот свет, се наведува во соопштението.

Реклама

Таа ја потенцирала и улогата на самитот како можност за македонските компании да се претстават пред турските партнери и да воспостават нови економски релации.

Двајцата соговорници размениле мислења и за актуелните состојби на Блискиот Исток.