Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Сиљановска-Давкова – Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера остварила средба со генералниот секретар на Советот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера остварила средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјата.  

Таа, како што посочија од Кабинетот на претседателката, ја истакнала улогата на Советот на Европа како најстара европска институција, која повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото како темелни вредности.

Според претседателката, новиот демократски пакт за Европа претставува важен чекор кон обновување на довербата во институциите и зајакнување на демократската отпорност, во услови на длабоки политички, безбедносни и технолошки промени.

Реклама

– Сиљановска-Давкова посочи дека развојот на дигиталните технологии и вештачката интелигенција отвораат нови предизвици поврзани со заштитата на човековите права, приватноста и демократските вредности. Од овие причини го поздрави потпишувањето на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото, со што државата се вброи меѓу првите земји потписнички – стои во соопштението.

За неа, одлуката за затворање на постмониторинг-дијалогот со земјата е значајно институционално признание за напредокот во реформите врзани за владеењето на правото, независноста на правосудството и борбата против корупцијата.

Македонската претседателка, која има тридецениско искуство во телата на Советот на Европа, потсети дека државата активно ги спроведува европските реформи и останува меѓу најусогласените кандидати со acquis communautaire и предупреди дека билатерализацијата на пристапниот процес го поткопува концептот на проширување заснован врз Копенхашките критериуми.

Исто така, таа укажала на неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур од страна на одделни земји членки нагласувајќи дека прашањата поврзани со правото на здружување, идентитет и самоопределување не се билатерални, туку европски прашања, што се однесуваат на основните права и слободи гарантирани со Европската конвенција за човекови права.

Генералниот секретар Берсе посочи дека фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции и нагласи дека е неопходна нова динамика, особено во регионот на Западен Балкан.

Осврнувајќи се на Европскиот суд за човекови права, Берсе истакнал дека Советот на Европа работи на механизми за поефикасна и побрза имплементација на судските пресуди за да се обезбеди нивно суштинско, а не симболично спроведување.

Обајцата изразија подготвеност за интензивирање на соработката, во пресрет на македонското претседавање со Комитетот на министрите на Советот на Европа во периодот 2027 – 2028 година.