Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Прилози

„Шум“ како резерва, чиста вода од „Голема Река“ решение за водата во Струга

Струга под итно треба да размислува за обезбедување на дополнителни количини на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга под итно треба да размислува за обезбедување на дополнителни количини на питка вода, а изворите од Шум да се користат исклучиво како златна резерва. Тоа што после еден месец конечно се стабилизира матноста на изворот од кој што со вода се снабдува цела Струга, не значи дека проблемот со водоснабдувањето е решен. Експертите укажуваат доколку не се превземат мерки за санација, прашање на време е кога на стружани повторно од чешмите ќе им тече кал и ќе се соочат со забрана за користење на водата.

 “Да го изолираме тој дел каде што сега брзо атмосферската вода продира и има релација со подземите води, тие мерки треба под итно да се направат. Не е едноставно да го исклучите Шум кој што во моментов повеќе од 70 % ги покрива потребите за водоснабдување на Струга. Со таа количина на вода, 50.000 жители со вакви загуби на вода во системот ние треба да имаме јасно дефинирани реструкции за водоснабдувањето”- вели  Проф.др Петко Пеливаноски-Градежен факултет Скопје

Градежниот и комунален отпадкој претставуваше серизна опасност за загадување на подземната вода е исчистен, но ресторанот со тоалети и септичка јама, изграден во строго забранета зона ,сеуште работи. Згора на се’ со сомнителен квалитет се и изворите од Горна Белица кои исто така се користат за водоснабдување. Извориштето таму е доградувано од 1996-та до 2010-та година.Има 4 каптажи за вода која со договор за јавни приватно партнерство се користи и за производство на електрична енергија,појаснува Пеливаноски.

Реклама

 “Еден од изворите кои што е дополнитело зафатен кој што е со сомнителен квалитет според изјавите и според приложените докази од Ј.П.” Водовод”. Aко е таква вистина состојбата треба на некој начин тоа да се провери и веднаш таквиот извор кој што има сомнителен квалитет да биде исклучен од системот за водоснабдување на Струга”- вели Пеливаноски

Професорот сугерира да се искористат изворите на Голема река кои се наоѓаат на планината Караорман бидејќи се со одличен квалитет и целосно ќе ги задоволат потребите од водоснабдување на стружани.