Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

Штрајк пред Собранието на Град Скопје најавуваат вработените од „ЈП Улици и патишта – Скопје“

Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.

Причините за ваквата состојба се следните:

1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;

Реклама

2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;

3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;

4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;

5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.

За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани, велат вработените во „ЈП Улици и патишта – Скопје“