Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во Росоман

Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во општина Росоман. Оваа информација ја потврди попладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски.

– Точно е, има дел зафатено, особено ниските делови на територијата на општината. Ќе ја следиме ситуацијата. Првично, има поголеми штети кај лозови и овошни насади, во долните реони. Во меѓувреме, ја следиме ситуацијата. Во контакт сме сите, со советниците во Советот на Општината и претседателот, претседателот на комисијата за земјоделство. Ги известив и министерот и Министерството за земјоделство. Доколку се утврди дека има поголеми штети, на лице место, во понеделник ќе се свика општинската комисија за земјоделство и доколку има потреба, најбрзо што може ќе се формира комисија за проценка на штети на терен – појасни градоначалникот.

Крстевски истакна дека не памети ова да се случило досега, штети кај виновите лози и овошките од ниски температури во месец мај.