Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ

Поранешниот скопски градоначалник и пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот скопски градоначалник и пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучување на член извршува општинската организација вго која тој припаѓа и го повика лидерот на партијата Венко Филипче, доколку сака да спроведат таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговараат со членството за кое рече дека ќе се потруди да биде многубројно како за неговото исклучување така и за заминувањето на Филипче. 

– Ако го прочитале статутот, за жал, таму во Извршниот одбор нема кој да го прочита, ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација во која тој член припаѓа, во која претседателот Филипче првпат влезе кога беше избран за претседател. Па еве ќе ја искористам можноста, ако веќе сака да спроведат такви иницијатива, да дојде во општината Карпош, таму ќе разговараме со членството, јас ќе се потрудам да има сериозно многу, и за моето исклучување, меѓутоа и за неговото заминување. Во однос на тоа дека тие завршиле, тој завршил со Петре Шилегов, јас тоа нема да го дозволам. Сето она што го имам направено во својот живот професионално, но уште повеќе политички, тоа што го имам направено за СДСМ и што сè уште го правам, нема да дозволам да го валка човек што нестатутарно е избран за претседател – изјави Шилегов на паузата на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што застапува еден од обвинетите.

Шилегов додаде дека се потврдиле неговите ставови, изнесени во интервјуто за „Сител“ во неделата, дека ова раководство на СДСМ целосно одработува во договор со ВМРО–ДПМНЕ за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и нејзиното членство.

Реклама

– Кажав очигледно дека постои договор, кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДМНЕ да истера два мандата, за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Исто така, се докажа и второто мое тврдење дека, за жал, партијата е кадровски целосно исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе не се таму – нагласи Шилегов.

Тој додаде дека платформата си продолжува, стратегијата се развива и повтори дека ќе го замолат ова раководство на СДСМ да си замине и да ја ослободиме политичката партија.

– СДСМ е партија што ја има создадено независна Македонија, СДСМ е партија на илјадници, илјадници истакнати луѓе. СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода – рече Шилегов.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција во партиското седиште, појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата, изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата.

Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата.